Изненадете ги вашите најблиски пријатели, колеги риболовци, брачни другари или било кој друг риболовец со совршен подарок!
Купете ваучер за подарок онлајн на нашата веб-страница и дајте им слобода да избираат од широк спектар на производи.
Нарачајте веднаш и направете им го денот посебен!
На задниот дел од ваучет ќе биде испишана порака од нашиот креативен тим за специјалната прилика за која се подарува ваучерот.(во консултација со лицето што го купува)
-На секој ваучер има код со кој може да се нарача онлајн преку нашата веб страна или телефонски да се потврди кодот.
-Ваучерот нема ограничување кога може да се искористи, сумата на ваучерот може да се искористи повеќе пати не е задолжително целата сума веднаш да се искористи.
-За сите дополнителни информации може слободно да не контактирате.
-Сумата на ваучерот може да биде од 1.000 денари па нагоре може слободно да ни пишете која сума ја сакате.
Пораки за пример:
*(секоја порака може да биде прилагодена според вашите барања и секоај порака е различна за секој ваучер и секоја пригода):
„Среќен роденден на мојот прекрасен сопруг, најдобриот рибар што го познавам! Твојата страст за риболовот секогаш ме инспирира и многу сум благодарна што те имам покрај мене. И оваа година да уживаш со прекрасни улови и прекрасни зајдисонца на вода!”
“Среќен роденден колега! Ви посакувам многу здравје и успеси, деновите во оваа година да ви бидат исполнет со добри улови, одлично друштво и многу рибарски приказни. Уживајте во вашиот посебен ден! Се гледаме на вода!
Бистро!”
„Среќен роденден на рибарот кој секогаш се фали за тоа колку големи риби му се имаат откачено од јадицата🙂Tи посакувам роденденот и годината да ти биде исполнета со многу рибарски авантури и оваа година да не ти побегне ниту една од големите риби кој обично ти се откачуваат.🙂
Бистро! “
“Додека се повлекувате од долгогодишната напорна работа и посветеност, време е конечно да уживате во сите работи што ги сакате, вклучувајќи го и риболовот.
Ви посакуваме се најдобро во вашето пензионирање.
Нека вашите пензионерски денови бидат исполнети со многу возбудливи моменти на вода, успешни улови, радости и квалитетно поминато време со саканите.
Вие не заслужувате ништо друго освен најдоброто!
Бистро и уживајте во пензионерските денови!”